петок, 26 јануари 2007

Меркур







Меркур


Меркур е најблиската планета до Сонцето. Неговата орбита има изразен елипсоиден облик. Кога се наоѓа во точката кога е најблиску до Сонцето (перихел), тој е оддалечен 46 милиони киломерти (0,308 AU), а кога е во најоддалечената (афел), оддалечен е 70 милиони километри (0,467 AU).

Според големината, Меркур е втора најмала планета. Дијаметарот му е 40% од Земјиниот, односно за 40% поголем од оној на Месечината.

ИНТЕРЕСНО
Заради чудниот однос на меркурoвиот ден и година, кога астронаут би стоел на Меркур, за него времето помеѓу две изгрејсонца би било 176 земјени денови.



Планетата Меркур е видлива и со голо око. Можеме да ја набљудуваме дваесеттина дена во текот на годината и тоа или веднаш по зајдисонце или пред изгрејсонце. Бидејќи се наоѓа близу до Сонцето, никогаш не може да го забележиме искачен повеќе од дваесеттина степени над хоризонтот. Како последица на тоа што Меркур е поблиску до Сонцето во однос на Земјата, Меркур гледан гледан од Земјата пројавува мени, слично како Месечината.

Меркур им бил познат и на старите народи. Античките Грци за оваа планета имале две имиња: кога се појавувала како утринска ѕвезда била позната како Аполо, а навечер ја нарекувале Хермес. Второто име го добил бидејќи се движи многу брзо по небото, токму како брзиот Хермес, гласникот на боговите. Самите астрономи од тоа време знаеле дека двете имиња се однесуваат на едно исто нешто. Денешното име нешто подоцна му го дале Римјаните. Меркур, според нивната митологија, бил бог на трговијата, патувањето, крадењето... (пандан на Хермес во грчката митологија).


Заради чудниот однос на Меркуривиот ден и година, кога астронаут би стоел на Меркур, за него времето помеѓу две изгрејсонца би било 176 земјени денови. Ако се земе предвид и елипсоидната патека едно деноноќие би изгледало вака: Сонцето изгрева на исток и додека се движи кон зенитот станува cе поголемо.


Наклонетоста на оската на ротација на Меркур во однос на рамнината на која орбитира околу Сонцето е само 2°. Постои чуден однос помеѓу времето на ротација на Меркур околу својата оска и времето на револуција околу Сонцето. Потребни му се 59 земјини денови еднаш да се заврти околу својата оска, што е точно 2/3 од 88 дена, колку што изнесува една негова година. Заради чудниот однос на Меркуривиот ден и година, кога астронаут би стоел на Меркур, за него времето помеѓу две изгрејсонца би било 176 земјини денови. Ако се земе предвид и елипсоидната патека едно деноноќие би изгледало вака: Сонцето изгрева на исток и додека се движи кон зенитот станува cе поголемо. Тука ќе застане и ќе почне да се движи наназад, кон исток, за потоа пак да застане и да продолжи да се движи кон запад. Притоа сe до заоѓањето тоа станува сe помало и помало. Просечната големина на Сончевиот диск е 2,5 пати поголема од Сончевиот диск гледан од Земјата.

Меркур нема атмосфера. Поради својата мала маса, а следствено и мала гравитација тој не успеал во текот на историјата да ја задржи. Единствено нешто што може да се забележи налик на атмосфера се локални слаби концентации на натриум (Na), резултат на сончевиот ветар кој ги избива од површината на Меркур. Ова не значи дека натриумот е најзастапен елемент на површината. Таа воглавно е составена од силикатни карпи. Во внатрешноста се наоѓа јадро од железо и никел поради што Меркур има маглнетно поле кое е само 1% од јачината на земјиното магнетно поле и е наклонета 7° во однос на оската на ротација.

Дневната температура на површината на Меркур е над 500 K (227 °С), а ноќе може да падне до 100К (-173 °С). Големите дневни температури се резултат на фактот дека Меркур се наоѓа многу близу до Сонцето, а додека студените ноќи се должат на отсуството на атмосфера или друг флуид (како што се океаните на Земјата) кои во текот на ноќта ја оддаваат топлината која ја акумулирале тој ден. Во некои региони, во зависност од типот на почвата, температурата може да достигне и до 600 К (327 °С). Заради изолаторскиот ефект на горниот слој на почвата, веднаш под површината температурата се движи од 314 К до 446 К.




Меркур досега бил посетен само е едно летало - Маринер 10, кое во текот на 1974 и 1975 три пати пролетало покрај планетата. Успеал да сними 45% од површината, процент кој до денес не е зголемен заради блискоста на Меркур до Сонцето, што го отежнува неговото фотографирање.

Површината на Меркур многу наликува на површината на Месечината. Изрешетана од безбројни кратери кои се резултат од интензивното бомбардирање со астероиди во раната историја на Сончевиот систем, пред 4,5 до 3,5 милијарди години. Но за разлика од Месечината, заради нешто поголемиот дијаметар, дебелината на литосферата е потенка (потребно е подолго време да се излади), а исто така може да се забележат рамнини од лава и гребени кои се резултат на вулканската историја на Меркур.

До почетокот на XX век Меркур им создавал проблеми на астрономите бидејќи неговата орбита не можела да се објасни со помош на Њутновата механика. Постоеле мали, но недозволливи разидувања помеѓу пресметаните и набљудувание резултати. Еден можен одговор кој бил во оптек во тоа време бил дека постои уште една планета која орбитира уште поблиску до Сонцето - планетата Вулкан (дури и добила име пред да биде откриена). Сепак вистинскиот одговор го дал Алберт Ајнштајн со општата теорија на релативноста, која потполно го објаснувала движењето на Меркур без никакви непостоечки планети. Движењето на Меркур бил првиот практичен доказ за Општата теорија на релативноста.

четврток, 25 јануари 2007

soncev sistem









Сончев систем

ИНТЕРЕСНО
Најблиската ѕвезда сосед на Сонцето е црвеното џуџе Проксима Кентаур (Proxima Centauri), која е оддалечена 4,3 светлосни години.
Сонцето содржи 99,85% од сета материја во Сончевиот Систем.
Нашиот сончев систем, според традиционалната поделба, се состои од просечна ѕвезда која ја нарекуваме Сонце, планети (големи тела кои орбитираат околу Сонцето: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун, Плутон), сателити на планетите (месечини, објекти со различна големина кои орбитираат околу планетите), бројни комети (мали објакти составени од мраз со крајно екцентрична орбита), астероиди (мали густи објекти кои орбитираат околу Сонцето), метероиди (потенцијални метеори), како и меѓупланетарниот простор. Но сепак има бројни отстап

• Постојат повеќе сателити поголеми од Плутон и два поголеми од Меркур.
• Има повеќе мали месечини кои најверојатно се заробени астероиди.
• Кометите некогаш се „смируваат“ и повеќе неможе да се разликуваат од астероидите.
• Објектите од Кјуиперовиот Појас и другите објекти, како на пример Харон, не се вклопиваат во поделбата.
• Системите Земја-Месечина и Плутон-Харон некогаш се сметаат како „двојни планети“.
Друга класификација е според хемискиот состав и/или потеклото кои се обидуваат да бидат физички повалидни. Но вообичаено тие завршуваат или со премногу класи или со премногу исклучоци. Тоа е така бидејќи многу тела се уникатни, а нашето моментално знаење е недоволно да се воспостават строги категории.



Сончевиот Систем започнал да се формира пред околу 5 милијарди години од облак од меѓуѕвездена прашина и гас. Под дејство на гравитацијата облакот започнал да се собира и се формирала густа сфера од гас во центарот на облакот; тоа предизвикало облакот да ротира уште побрзо. Како што ротирал облакот се зарамнил формирајќи диск кој ја обиколувал централната сфера. Сферата станало доволно топла за да започнат нуклеарни реакции , момент во кој нашата локална ѕвезда - Сонцето започнала да свети. Во меѓувреме останатите членови на Сончевиот Систем, планетите, сателитите, астероидите и кометите се формирале од гасот и прашината од дискот.
Сонцето е најбогатиот извор на електромагнетна енергија (воглавно во форма на топлина и светлина) во Сончевиот систем. Најблиската ѕвезда сосед на Сонцето е црвеното џуџе Проксима Кентаур (Proxima Centauri), која е оддалечена 4,3 светлосни години. Целиот систем, заедно со сите локални ѕвезда видливи на ноќното небо, орбитираат околу центарот на нашата галаксија - Млечниот Пат, спирален диск во кој има 200 милијарди ѕвезди. Млечниот Пат има две мали - сателит галаксии кои се видливи од јужната хемисфера. Тоа се Големиот и Малиот Магеланов Облак. Најблиска галаксија е Андромеда. Таа исто така е спирална галаксија, но е 4 пати помасивна и е 2 милиони светлосни години оддалечена. Нашата галаксија, една од милијардите познати галаксии, патува низ меѓугалактичкиот простор заедно со сите други.
Сонцето содржи 99,85% од сета материја во Сончевиот Систем. Планетите, кои се формирале од истиот материјал како и Сонцето, содржат само 0,135% од вкупната маса. Јупитер сам содржи двојно повеќе од сите други планети заедно. Сателитите на планетите, кометите, астероидите, метеоритите и меѓупланетарниот простор ги сочинуваат преостанатите 0,015%.
Меѓупланетарен простор се состои од различни форми на енергија и барем две материјални компоненти: меѓупланетарна прашина и меѓупланетарен гас. Меѓупланетарната прашина е состевена од микроскопски честичкиа, а додека меѓупланетарниот гас е многу слаб тек на гас и наелектризирани честички, воглавно протони и електрони - плазма - кои доаѓаат од Сонцето во облик на сончев ветар.
Сончевиот ветар има големо влијание на опашките од кометите. Исто така има значителен ефект врз движењето на вселенските летала. На оддалеченост како орбитата на Земјата брзината му е околу 400 km/s. Местото кадешто сончевиот ветар се среќава со меѓуѕвездениот простор, кој е „сончев“ ветар од други ѕвезди, е наречено хелиопауза. Тоа е граница, за која се претпоставува дека е приближно попчеста или во форма на капка, која го означува крајот на Сончевото доминантно влијание. Таа се наоѓа на оддалеченост од 100 AU. Просторот во границата, каде што е Сончевиот Систем, се нарекува хелиосфера.
До денес откриени над сто екстрасоларни планети, но сите се со големина на Јупитер или поголеми. Откриени се и системи со повеќе такви планети. Потрагата по планети од земјнин тип сеуште не е возможна бидејќи се премногу мали и нивното гравитационо влијание врз матичната ѕвезда е премало за да се детектира. Но сепак постојат проекти со чија реализација во поскора иднина и тоа би било можнo