четврток, 25 јануари 2007

soncev sistem









Сончев систем

ИНТЕРЕСНО
Најблиската ѕвезда сосед на Сонцето е црвеното џуџе Проксима Кентаур (Proxima Centauri), која е оддалечена 4,3 светлосни години.
Сонцето содржи 99,85% од сета материја во Сончевиот Систем.
Нашиот сончев систем, според традиционалната поделба, се состои од просечна ѕвезда која ја нарекуваме Сонце, планети (големи тела кои орбитираат околу Сонцето: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун, Плутон), сателити на планетите (месечини, објекти со различна големина кои орбитираат околу планетите), бројни комети (мали објакти составени од мраз со крајно екцентрична орбита), астероиди (мали густи објекти кои орбитираат околу Сонцето), метероиди (потенцијални метеори), како и меѓупланетарниот простор. Но сепак има бројни отстап

• Постојат повеќе сателити поголеми од Плутон и два поголеми од Меркур.
• Има повеќе мали месечини кои најверојатно се заробени астероиди.
• Кометите некогаш се „смируваат“ и повеќе неможе да се разликуваат од астероидите.
• Објектите од Кјуиперовиот Појас и другите објекти, како на пример Харон, не се вклопиваат во поделбата.
• Системите Земја-Месечина и Плутон-Харон некогаш се сметаат како „двојни планети“.
Друга класификација е според хемискиот состав и/или потеклото кои се обидуваат да бидат физички повалидни. Но вообичаено тие завршуваат или со премногу класи или со премногу исклучоци. Тоа е така бидејќи многу тела се уникатни, а нашето моментално знаење е недоволно да се воспостават строги категории.



Сончевиот Систем започнал да се формира пред околу 5 милијарди години од облак од меѓуѕвездена прашина и гас. Под дејство на гравитацијата облакот започнал да се собира и се формирала густа сфера од гас во центарот на облакот; тоа предизвикало облакот да ротира уште побрзо. Како што ротирал облакот се зарамнил формирајќи диск кој ја обиколувал централната сфера. Сферата станало доволно топла за да започнат нуклеарни реакции , момент во кој нашата локална ѕвезда - Сонцето започнала да свети. Во меѓувреме останатите членови на Сончевиот Систем, планетите, сателитите, астероидите и кометите се формирале од гасот и прашината од дискот.
Сонцето е најбогатиот извор на електромагнетна енергија (воглавно во форма на топлина и светлина) во Сончевиот систем. Најблиската ѕвезда сосед на Сонцето е црвеното џуџе Проксима Кентаур (Proxima Centauri), која е оддалечена 4,3 светлосни години. Целиот систем, заедно со сите локални ѕвезда видливи на ноќното небо, орбитираат околу центарот на нашата галаксија - Млечниот Пат, спирален диск во кој има 200 милијарди ѕвезди. Млечниот Пат има две мали - сателит галаксии кои се видливи од јужната хемисфера. Тоа се Големиот и Малиот Магеланов Облак. Најблиска галаксија е Андромеда. Таа исто така е спирална галаксија, но е 4 пати помасивна и е 2 милиони светлосни години оддалечена. Нашата галаксија, една од милијардите познати галаксии, патува низ меѓугалактичкиот простор заедно со сите други.
Сонцето содржи 99,85% од сета материја во Сончевиот Систем. Планетите, кои се формирале од истиот материјал како и Сонцето, содржат само 0,135% од вкупната маса. Јупитер сам содржи двојно повеќе од сите други планети заедно. Сателитите на планетите, кометите, астероидите, метеоритите и меѓупланетарниот простор ги сочинуваат преостанатите 0,015%.
Меѓупланетарен простор се состои од различни форми на енергија и барем две материјални компоненти: меѓупланетарна прашина и меѓупланетарен гас. Меѓупланетарната прашина е состевена од микроскопски честичкиа, а додека меѓупланетарниот гас е многу слаб тек на гас и наелектризирани честички, воглавно протони и електрони - плазма - кои доаѓаат од Сонцето во облик на сончев ветар.
Сончевиот ветар има големо влијание на опашките од кометите. Исто така има значителен ефект врз движењето на вселенските летала. На оддалеченост како орбитата на Земјата брзината му е околу 400 km/s. Местото кадешто сончевиот ветар се среќава со меѓуѕвездениот простор, кој е „сончев“ ветар од други ѕвезди, е наречено хелиопауза. Тоа е граница, за која се претпоставува дека е приближно попчеста или во форма на капка, која го означува крајот на Сончевото доминантно влијание. Таа се наоѓа на оддалеченост од 100 AU. Просторот во границата, каде што е Сончевиот Систем, се нарекува хелиосфера.
До денес откриени над сто екстрасоларни планети, но сите се со големина на Јупитер или поголеми. Откриени се и системи со повеќе такви планети. Потрагата по планети од земјнин тип сеуште не е возможна бидејќи се премногу мали и нивното гравитационо влијание врз матичната ѕвезда е премало за да се детектира. Но сепак постојат проекти со чија реализација во поскора иднина и тоа би било можнo

1 коментар:

sonic- 498- рече...

ako moze poveke za planetite ,zvezdite i meteorite .za noviot proekt po osnovi na prirodni nauki.super e sostavot:D